сабота, 27 јули 2024
Денеска е 7 Април - Светскиот ден на здравјето

Демири: Фокусирани сме на превенцијата и раното откривање на болестите

Министерот за здравство д-р Илир Демири во порака по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април вели дека откако стапил на функцијата посветено се работи на зајакнување на здравствениот систем.

Објавено на

часот

Сподели

„Република Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што официјално го усвои Националниот акциски план за здравствена безбедност, во соработка со Светската здравствена организација, што е важен чекор напред во зајакнување на нашата посветеност за заштита на здравјето и благосостојбата на нашите граѓани“, наведува Демири.

Нагласува дека министерството што го предводи е фокусирано на зајакнување на превенцијата и раното откривање на заболувањата, посочувајќи дека минатата година се воведени шест нови лекови за ретки болести и пациентите со цистична фиброза првпат примија лек.

„Инвестираме во нова медицинска опрема, со што двојно е зголемен буџетот за оваа намена, а исто така ги подобруваме и условите во јавно здравствените установи преку реконструкции. Продолжуваме посветено да работиме и во следниот период, со цел унапредување на условите за работа на здравствените работници во јавното здравство, како и во интерес на сите пациенти во државата. Нека ни е честит Светскиот ден на здравјето!“, истакнува Демири во пораката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ