сабота, 27 јули 2024

Демир Далип: Нова власт за демаргинализација на Египќаните

Сметаме дека новата влада на чело со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се единствената надеж за институционална интеграција и демаргинализација на Египќаните во Македонија, вели Демир Далип, претседателот на НГИ коалиција на Египќани.

 

Објавено на

часот

Сподели

Ова здружение на Египќаните веќе подолг период укажува на нивната позиција во македонското општество.

„Наскоро  очекуваме да се потпише меморандум за соработка со ВМРО-ДПМНЕ во кој прецизно ќе се дефинира поддршката на оваа ранлива етничка заедница, Египќаните. Таа поддршка е демократска и европска вредност. За Египќаните како да не важеше Охридскиот рамковен договор, ниту балансерот, ниту пак соодветната и правична застапеност. Египќаните имаат образован кадар и можат да бидат носители на високи државни функции. Треба само да ни се даде фер шанса, која секако ја заслужуваме. Длабоко му веруваме на ВМРО-ДПМНЕ, а особено на нејзиниот лидер и иден премиер Христијан Мицкоски“, изјави Демир Далип, претседател на НГИ коалиција на Египќани.

Тој потсетува дека ова здружение е долгогодишен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, уште од 2016 година кога беше потпишан документ за соработка со тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. И, покрај фактот што ВМРО-ДПМНЕ помина долг период во опозиција, НГИ коалиција Египќани остана достоен и лојален партнер на десноцентристичката ВМРО-ДПМНЕ и новиот претседател Христијан Мицкоски, вели Далип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ