сабота, 27 јули 2024

Деми Мур те си го сака, те си го мрази телото

Објавено на

часот

Сподели

Таа за американското издание на Харперс базар изјави: „Односот кон моето тело ми е го сакам-не го сакам. Кога сум скарана со него, тоа е најчесто поради тоа што ме изневерува, без разлика дали се борам со прекумерна тежина и не можам да јадам што сакам, или кога не се соднесува како што сакам јас. Најмногу ме плаши тоа што сфаќам дека не можам сѐ да контролирам. Тоа ме прави несигурна.

Мислам дека удобноста е преценета. Подобро е да можеме да ги прифатиме сопствените слабости и доблести и да се сакаме самите себе како целина“.

Сепак, Деми призна дека се помирила со стареењето на нејзиното тело.

„Мислам дека сега многу подобро се носам со своето тело, вклучувајќи ги и тежината и промените што доаѓаат со возраста“, изјави таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ