понеделник, 21 октомври 2024

Дембеле ја напушта Барселона, се согласил на трансфер во ПСЖ

Објавено на

часот

Сподели

Дембеле се согласил на трансфер во ПСЖ, тој треба да потпише петгодишен договор со францускиот клуб.

ПСЖ испратил формално писмо до Барселона да ја информира дека ќе ја активираат откупната клаузула од 50 милиони евра која трае уште денеска.

На први јуни откупната клаузула на Дембеле од 100 милиони евра падна на 50 милиони евра и е со трајност до овој месец. Од први август повторно се враќа на 100 милиони евра. 

Половина од тие пари одат на сметка на Дембеле, во овој случај 25 милиони евра.

Доколку ПСЖ успее во текот на денот да ја заврши целата администрација за активирање на клаузулата, Дембеле во новата сезона ќе игра за нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ