понеделник, 21 октомври 2024
Ќе биде тензично до крајот на денот

Дембеле ја моли Барса да отвори преговори со ПСЖ, но…

Објавено на

часот

Сподели

Осман Дембеле сака да го напушти Камп Ноу и да се пресели во ПСЖ, но напаѓачот преферира да се раздели со Барса под добри околности па побарал од „каталонците“ да отворат преговори со „светците“ и да пронајдат договор за негов трансфер.

Сепак, раководството на Барса не сака да седне на маса со колегите од ПСЖ и инсистира дека единствен начин за заминување на Осман Дембеле е активирање на откупната клаузула.

Таа изнесува 50 милиони евра но само до полноќ, а веќе од утре ќе чини 100 милиони евра.

Во меѓувреме, агентот на Осман Дембеле стапил во контакт со Ла Лига за да обезбеди повеќе информации и роковите кои треба да се запазат за активирање на откупната клаузула.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ