„Тврдењата во наслов дека ‘Скопје сѐ уште е мрачно и тажно’ и ‘од Град Скопје нема никакви најави за украсување на градот ниту пак информации дали ќе има организирана прослава за дочек на Нова Година’ се манипулативни и тенденциозни, бидејќи оваа година Град Скопје е меѓу првите градови во Македонија кој започна со предновогодишно украсување и тоа може да се види на лице место, за разлика од останатите градови споредени во текстот, како Битола, Охрид и Струга кои имаат најавено дека ќе украсуваат, но сѐ уште немаат почнато со украсување. Вие како издавач на интернет портал, водејќи се од новинарскиот етички кодекс и професионални стандарди, знаете дека пред објава на текстот имате обврска да ги проверите информациите од што е можно повеќе извори, а најмалку два меѓусебно неповрзани, како и да побарате мислење од засегнатата втора страна, а тоа не е сторено. Сметаме дека порталот врши неточно и нефер известување и така изнесениот манипулативен текст на сметка на Град Скопје пред пошироката јавноста, без претходно да се провери и да се побара изјава, има за цел да нанесе штета на угледот на Град Скопје, па од тие причини бараме да го објавите овој ДЕМАНТ и ЈАВНО ДА СЕ ИЗВИНИТЕ, во рок од 48 часа од приемот на ова барање. Демантот и извинувањето бараме да биде објавен во рок од 48 часа од приемот на ова писмено, согласно чл.12 и 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“.
Демант на Град Скопје: Ширите лаги, Скопје е украсено
Во својство на полномошник на Град Скопје, Ви се обраќаме поради следното: на 2 декември на интернет порталот МКД.мк, сопственост на Портал њуз ДОО Скопје, објавен е текст со наслов „Македонските градови почнуваат да блескаат во празничен сјај, Скопје сѐ уште е мрачно и тажно“ во кој се изнесени невистинити тврдења за факти на сметка на Град Скопје, со кои се повредува неговиот углед, се вели во барањето за демант и јавно извинување на полномошникот на Град Скопје, адвокат Трајче Арсов.
Објавено на
часот