сабота, 27 јули 2024

Делумно обновено движењето на возилата на Кримскиот мост

Објавено на

часот

Сподели

„Моторниот сообраќај на Кримскиот мост е обновен во крајната десна лента во правец Таман-Керч“, наведе Хуснулин на Телеграм, пренесува РИА.

Тој додаде дека е можно мостот повторно да профункционира за возила во „најкус можен рок“ бидејќи анализата на конструкцијата потврдила дека е возможно повторно движење на возилата.

„Изработена е привремена шема за организирање на сообраќајот на мостот. Пред да се донесе одлука за можност за отворање на сообраќајот, распонот беше дополнително испитан“, додаде Хуснулин.

Украинските сили во понеделникот наутро го гранатираа Кримскиот мост, а во нападот загинаа две лица, а една девојка беше ранета.

Рускиот претседател рече дека Москва ќе одговори на „терористичкиот напад“, кој е суров и бесмислен, додавајќи дека Министерството за одбрана веќе подготвува одговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ