вторник, 10 декември 2024
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа

Делови од Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Чаир утре без струја

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Чаир, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 11 до 13 часот, струја ќе немаат корисниците од булеварот „Партизански одреди“ број 93 влез 4 во општина Карпош.

Дел од улицата „Дарвинска“ во населбата Драчево, општина Кисела Вода, ќе нема струја од девет до 14 часот.

Во општина Чаир, струја ќе немаат од 8.30 до 13 часот – улицата „Славеј Планина“, дел од „Прохор Пчински“ кон џамијата, дел од „Пластичарска“, објектите околу „Мармарис“, „Топанска“ и објектите околу Теќето.

Од девет до 15 часот – дел од корисниците на улицата „103“, од кружен тек Волково кон црквата во општина Ѓорче Петров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ