сабота, 27 јули 2024

Делови од Центар без струја, а делови од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат повеќе корисници во Центар, додека без вода, дел од корисниците на општина Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

Во период од 08:30 часот до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците на ул. Антоние Грубишиќ, ул. Коле Неделковски, ул. Наум Наумовски – Борче и ул. Мирослав Крлежа во општина Центар.

Исто така дел од корисниците во општина Карпош ќе останат без снабдување со вода, соопшти ЈП Водовод и канализација.

„На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Џумајска 47, прекинато водоснабдување од 10,00 часот до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул. Џумајска во општина Карпош“, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ