Црвена звезда синоќа одигра 1-1 против Бачка Топола, по 12 поминати кола во српското првенство, црвено-белите имаат заостанување од шест бода во однос на лутиот ривал Партизан.
Вчера Делиите го искажаа незадоволството. Дел од нив се симнале и во соблекувалната каде ги построиле фудбалерите и им држеле лекција. На тренерот Барак Бахар му дале жолт картон.
Навивачите на овој начин сакаат да ги предупредат фудбалерите и стручниот штаб дека треба многу посериозно да влезат во следните битки, во спротивно работите за нив можат да бидат само полоши.