петок, 18 октомври 2024

Делегација на ДУИ врши надзор над јавна институција – координаторите на Ахмети излегоа на теренот на „огнените“

Објавено на

часот

Сподели

Артан Груби порача дека со некогашниот пратеник Алити, а сега координатор за Сарај биле да извршат „непосреден надзор“ на завршните работи за реновирање на поликлиниката. 

„Заедно со назначениот координатор за огранокот Сарај, Рафис Алити, пратеникот од оваа зона, Арбен Зибери и претседателката на Форумот на жени во Сарај, Шермин Мамути, денеска извршивме непосреден надзор над завршувањето на дополнителните работи предвидени во анексот на договорот склучен за Поликлиниката Сарај.

Следната недела објектот ќе биде пренесен во сопственост на Министерството за здравство и наскоро бидејќи ја имаме обезбедено и потребната здравствена опрема,ќе им биде на располагање на граѓаните на општина Сарај“.

Од самата изјава на Груби се гледа дека „надзорот“ го извршиле како партиска делегација, иако поликлиниките не се реновираат со партиски, туку со државни пари и средства на локалната влас.

                                                                                                                                     Фото: Фејсбук на Груби

                                                                                                                                                        П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ