сабота, 20 април 2024

Делегација на СДСМ положи цвеќе на споменикот на Кузман Јосифовски Питу

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски, заедно со потпретседателот Стефан Богоев и секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ денеска оддадоа почит на ликот и делото на народниот херој Кузман Јосифовски Питу и положи цвеќе на споменикот во општина Карпош по повод 80 годишнината од неговото загинување, соопшти СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Во обраќањето на настанот во организација на Сојузот на борците од НОБ Карпош претседателот Ковачевски рече дека денеска сите ние оддавам должна почит и се поклонуваме пред неговата храброст лик и дело, но оддаваме и почит на сите борци, ученици во НОБ.

‘Искажуваме благодарност, оддаваме почит и се поклонуваме пред пожртвуваноста на сите борци, мажи, жени, млади учесници во НОБ кои храбро се жртвувале за слободата и светла иднина на македонскиот народ и сите наши граѓани. Нивното дело сите ние го почитуваме а нивниот аманет го негуваме.

Народноослободителната и антифашистичката војна го постави темелот на македонската државност. Токму подари нив и успехот на НОБ постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Македонија.

Исполнувањето на тој аманет, на нашите државотворци од Илинден, АСНОМ, од НОБ, е нашата денешна политичка борба. Борба за подобра, европска иднина на нашата убава татковина рамо до рамо со сите државотворни народи. СДСМ е партија којашто е единствен наследник и поддржувач на вредностите од НОБ во државата. Како државотворна партија секогаш била на вистинската страна на историјата и со задоволство ќе повторам дека остануваме на вистинската страна. Ние сме тој континуитет на постојана борба за подобра иднина на сите наши граѓани.

Аманетот на борците од НОБ ќе го исполниме, за сигурна, безбедна, економски напредна, стабилна и европска македонска иднина“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ