сабота, 27 јули 2024

Делегација на Хамас пристигна во Каиро на преговори за прекин на огнот во Појасот Газа

Делегација на Хамас пристигна во Каиро каде денеска ќе се одржат преговори за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави официјален претставник за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Официјалниот претставник рече дека делегацијата ја предводи заменик-шефот на Хамас во Газа, Халил Ал-Хаја.

Во Каиро денеска се очекува нов состанок на претставниците на САД, Катар и Египет, кои посредуваат во преговорите на Израел со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа, соопштија добро упатени извори.

Тие извори изјавија за Ројтерс дека Израел нема да испрати делегација на разговорите додека не добие целосен список на заложници кои сè уште се живи.

Очекувањата дека наскоро ќе биде постигнат договор за првата пауза во конфликтот во Појасот Газа од ноември се зголемија минатата недела по претходната рунда преговори, со посредство на Катар и Египет во Доха, и по индикациите на американскиот претседател Џозеф Бајден дека договорот е близу.

Висок американски функционер во саботата рече дека има рамковен договор за пауза во борбите и дека Израел во голема мера ги прифатил сите услови од шестнеделната пауза.

Американскиот функционер истакна дека Хамас треба да се согласи да ги ослободи заложниците што ги држи во Појасот Газа од нападот на 7 октомври врз јужен Израел.

Бајден рече дека се надева оти примирјето ќе биде воспоставено до почетокот на муслиманскиот свет месец Рамазан, кој започнува на 10 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ