сабота, 19 октомври 2024

Делчево доби нов градски пазар

Објавено на

часот

Сподели

„Овој проект не само што е важен за граѓаните, туку со него се гради и нов урбан изглед на градот. Честитки до градоначалникот за реализацијата на овој проект, за поддршката од надлежните институции“, рече премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, присуствуваше на отворањето на новиот градски пазар. 

Почетокот на работата на новиот градски пазар во Делчево го означија градоначалникот Горан Трајковски и редовната продавачка на производи на градскиот пазар Весна Милчевска.

д

„Нема поубав ден за еден градоначалник, од денот кога ќе се заврши и ќе се стави во функција еден капитален проект, како што е сега, новиот градски пазар, ветуван со децении. Ова е објект кој ќе остане да сведочи за генерации и генерации граѓани и е уште еден доказ дека кога се работи посветено, одговорно и домаќински, нема што не може да се направи за своите граѓани. Делчево успеа и овој пат, да се издигне над проблемите и во интерес на граѓаните да го добие овој капитален објект.  Градскиот пазар е реалност и за граѓаните и за пазарџиите од Делчево и регионот, па со задоволство денес им го предаваме за да го користат, да го развиваат својот бизнис и да бидат горди што се дел од новaта приказна на Делчево“, истакна Трајковски.

пр

Пред пуштањето во употреба на градскиот пазар претставниците на Владата го посетија пазарот и разговараа и со продавачите и со купувачите за условите, но и за значењето на овој капитален економски објект за Делчево и Источно-планскиот регион. Со одлука на Советот, новиот градски пазар е даден на трајно користење на ЈКП „Брегалница“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ