сабота, 21 декември 2024
Поради официјалната посета на делегација од Турција

Дел од улиците во Скопје од утре до понеделник ќе бидат затворени

Поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција од сабота до понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

Објавено на

часот

Сподели

„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје“, се вели во соопштението од МВР.

Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ