петок, 18 октомври 2024

Дел од тосканската „мермерна“ планина од милијарда долари и во делата на Родин и Микеланџело 

Објавено на

часот

Сподели

Тоскана е еден од најпрепознатливите италијански региони, познат по сликовитите тополии бесконечните tantissimo“ полиња со винова лоза, но многу малку е познато дека токму  од овој регион доаѓа најстариот и највреднуван мермер за подготовка на историските скулптури и ремек дела во светот. Се работи за карара мермерот или попознат кај Римјаните како луна мермер, што се наоѓа на северниот дел од Апуанските Алпи, планински венец во северна Тоскана, што се протега на 58 километри и достигнува 2.000 метри височина. Извлекувањата се прават уште од римско време, па сè до денес.  

Кога ќе ги видите од далечина изгледаат на планини покриени со снег, но всушност тоа се  планини направени целосно од мермер. Поради извлекувањата од римско време, Карара каменоломите имаат произведено повеќе мермер отколку било кое друго вакво место во светот. Секоја година се произведуваат 4 милиони тони мермер. 

м

Зошто мермерот Карара е еден од tantissimo“ престижните мермери во светот? Бидејќи, плоча може да чини до 400 долари по квадратен метар, а во текот на историјата се користела за некои извонредни градби. Помислете на Пантеонот во Рим или на исконската статуа на Микеланџело, Давид. Дури Микеланџело сам одел до каменоломите  каде се извлекува мермерот за лично да ги одбере плочите за неговите ремек-дела. 

Каменоломите се дел и во еден од Џејмс Бонд филмовите, Quantum of Solace (2008), каде  Даниел Крег вози Астон Мартин по мермерните падини, но поради тесниот пат околу каменоломите не ви препорачуваме да го возите вашиот Астон Мартин тука. 

Карара мермерот се ископува од 188 каменоломи, кои се наоѓаат во Апуанските Алпи. На  прв поглед кога ќе ги видите каменоломите изгледа како перфектен линеарен облик. Изгледа како планината да е поделена на точни блокови од квадрати. Во зависност каде сенаоѓаат каменоломите, варира и нивната цена, некои ги има во внатрешноста на планината и тие се поскапи бидејќи потребното извлекување од пештера чини повеќе. 

Вообичаено најскапиот мермер е тој што се извезува, па така во 2018 година 1,2 милиони  блока ја поминале италијанската граница до Кина, САД и Германија како три најбарани дестинации. Останатиот мермер се транспортира најчесто до крајбрежните градови од западна Тоскана. За разлика од странските компании, кои ја бараат најскапата плоча, локалните уметници го бараат совршениот камен за да му дадат живот, како што велел Микеланџело. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ