сабота, 27 јули 2024

Дел од охриѓанки наместо во кафеана, 8 Март го прославија со опера

Со арии на Џузепе Верди, во изведба на италијанскиот тенор Федерико Сера во пијано придружба на Антонио Кампоногара, „Охридско лето“ синоќа на охридските дами им го честита 8 Март, денот на жената.

Објавено на

часот

Сподели

Концертот одржан во катедралната црква Света Софија е дел од заложбите на менаџментот на „Охридско лето“ да понуди културни содржини надвор од вообичаениот редовен фестивалски термин.

„Ја пренесовме енергијата како една тангента Охрид – Верона бидејќи уметниците ни дојдоа оттаму. Во безвременската катедрала, црквата Света Софија владееја позитивна енергија и пријатна атмосфера. Осмомартовскиот концерт кој е традиционален настан во организација на ‘Охридско лето’ беше вистинско уживање и празник за многубројната публика“, изјави директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Како што истакна, Италијанците се познати во светот како најдобри оперски пејачи и фестивалот кој ја негува класичната музика има воспоставено одлична соработка со уметниците од Италија.

„Италија е земја-расадник за оперските пејачи како што се незаборавниот и вонвременски Лучијано Павароти, Андреа Бочели и многу други. Таа има најдобра школа за оперско пеење. Италијаните, пеењето и операта ги носат во душата, во крвта, во нивното ДНК како нација. Нам како фестивал, ни е многу драго што имаме непрекината соработка токму со Италија, земја на културата, која се надевам ќе продолжи и натаму. Посебно ми е драго што Италијаните го доживуваат Охрид како еден посебен бисер и Охридското езеро го пресликуваат со езерото Комо“, рече директорката Поповиќ.

Меѓународниот ден на жената на припадничките на понежниот пол од сите генерации кои беа дел од публиката што до последно место ја исполни црквата, тенорот Федерико Сера им го честита на македонски јазик, а вистински подарок беше и изведбата на познатата „Време е да се каже збогум“ од неговиот музички ментор  Андреа Бочели.

Федерико Сера, заедно со неговите колеги, италијанските тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, пред две години приредија спектакл отворајќи го 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ