сабота, 27 јули 2024

Дел од ограноците бараат разрешувања во врвот на Алтернатива

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференција беше речено дека раководството на Алтернатива не беше успешно во исполнувањето на партиските задачи и дека иако има тензии веќе година и пол, раководството не реагира.

„Почнувајќи со заобиколување на структурите, погрешни политики, непринципиелни ставови, концентрација на силата само врз некои поединци, донесување на одлуки од страна на мала група на поединци итн. Отстранување на крилото на Студеничани и Лабуништа, непочитувањето на членовите на раководството и централното собрание, слабото раководење со партијата, анкетите кои не покажуваат како најслаба партија се дел од причините што не наведуваат да реагираме кон генералниот секретар. Наметнувањето на именувања во структурите, водење на политики според дневното расположение, политичкиот гнев кон сите што мислат поинаку, за жал не го прават генералниот секретар достоен за функцијата што ја врши“, изјави во име на присутните Дритан Беџети, кој е претседател на тетовскиот огранок.

Тој рече дека не е време за соработка со други партии туку дека има потреба Алтернатива да биде посилна партија.

„Според анкетите последно време излегуваме како најслаба партија. Некои активисти се разочарани, некои не сакаат да се занимаваат со политика, разочарани од раководството. Не можеме да речеме од сите членови, дел од нив, тие што се поставени од претседателот. Што се однесува до предизборната соработка со другите албански партии и соработката со Движењето Беса беше избрзана работа, бидејќи не беа направени дополнителни чекори со Движењето Беса (пратеничка група, член на ДИК), рече Беџети.

Според него, оваа загриженост ја дели целата структура, затоа ги повикува сегашните и претходните пратеници да ги поддржат. Додаде дека тоа важи и за другите структури кои заминале од многу причини од партијата.

„Откако ја презеде функцијата како генерален секретар заедно со потпретседателите на партијата, како извршна власт не беа успешни во сите предизборни ветувања, го прекршија секој принцип што го промовираа и со тоа револтирајќи ги членовите, причини кои покажуваат неуспешноста на субјектот, тоа го потврдуваат и најновите анкети. Жртвувањето на целиот субјект за спас на политичката кариера на потпретседателот Беким Сали поради очигледни неуспеси и координација со експоненти надвор од нашата партија, исто така само ја зголемува нашата огорченост кон двајцата. Затоа, крајно време е претседателот да постапи и да ги разреши наведените лица, бидејќи во спротивно субјектот оди кон уништување“, истакна Дритан Беџети.

Претседателот на тетовскиот огранок посочи дека списокот на потпишани членови ќе му го достави на претседателот за, како што рече, последен пат, со надеж дека ќе размисли и ќе преземе соодветни мерки.

Инаку,  од раководството на Алтернатива денеска за МКД.мк изјавија дека станува збор за обид на ДУИ да создаде раскол во нивната партија имајќи предвид дека по синоќешната средба на лидерот АФрим Гаши со лидерите на Беса и на „огнените“ Биљал Касами и Изет Меџити, извесно е јакнење на опозицијата и извесен е пораз на ДУИ на изборите кога и да се одржат. Од Алтернатива соопштија дека иако барањата за смена на двајца членови на раководството се искажани усмено дека Гаши решил да закаже седница на Централното претседателство на која ќе се расправа за таа тема. Воедно, Гаши смета дека некои претседатели на ограници треба да понесат одговорност за својата работа и дека раководството не може да покрива туѓи гревови. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ