сабота, 27 јули 2024

Дел од играчите на Јунајтед сметаат дека тренинг режимот на Тен Хаг е причина за повредите

Манчестер јунајтед мака мачи со повреди оваа сезона, а според „Сан“ дел од фудбалерите причината за тоа ја гледаат во методите за тренинг на Ерик Тен Хаг.

Објавено на

часот

Сподели

Само тројца фудбалери оваа сезона во Манчестер јунајтед не се повредиле, Бруно Фернандеш, Алехандро Гарначо и Диого Далот. Останатите биле отсутни најмалку по еден меч поради повреда.

Досега имало 29 повреди оваа сезона, што е огромна бројка.

За дербито против Сити, Тен Хаг не можеше да смета на дури девет играчи.

Излегоа шпекулации дека фудбалерите за оваа ситуација го обвинуваат Тен Хаг, сметаат дека повредите се последица на режимот на тренинзи кои се напорни повеќе од претходно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ