недела, 19 мај 2024

Дел од Грозни станува посебен округ – „Путински“

Повеќето жители на Грозни, главниот град на Чеченија, го поддржаа создавањето на Путинскиот округ во градот, во чест на рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Вкупно беа анкетирани околу 35.000 луѓе во периодот од 3 до 5 април. За именување на округот ‘Путински’ гласаа 34.705 граѓани, повеќе од 200 луѓе дадоа одговор“, соопшти прес-службата на градоначалникот на Грозни.

Тие додаваат дека резултатите од гласањето биле испратени до чеченскиот парламент за да го усвои законот за создавање нов округ.

„Путински“ ќе биде создаден како нов округ откако дел од градот ќе се одвои од постоечката територија на Грозни.

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, во февруари најави дека во Грозни ќе биде создаден нов округ именуван по Путин.

Според него, округот ќе се наоѓа на површина од над 200 хектари. Покрај 130 станбени згради, овде ќе се градат над два милиони квадратни метри џамии, градинки и други јавни инфраструктурни објекти, а ќе се модернизира и сообраќајната клучка.

Шефот на регионот потоа објасни дека оваа одлука е донесена како знак на длабоката благодарност на чеченскиот народ и желбата да се овековечи името на Путин.

Во моментов во Грозни има четири области што во 2020 година, по инструкции на Кадиров, беа преименувани во чест на националните херои на Чеченија – Ахматовски, Бајсангуровски, Шеик-Мансуровски и Висаитовски округ. Централната авенија на Грозни во 2008 година беше преименувана во Путинова авенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ