сабота, 19 октомври 2024

Дел од Битола остана без струја, еден блок од РЕК Битола повторно не работи

Блок 1 на РЕК Битола денеска прекинал со работа заради испад на 110 киловолтен далновод на МЕПСО. Редовното и нормално функционирање на Блок 1 било прекинато бидејќи при испадот постројката не можела да ја испорача произведената електрична енергија кон македонскиот електроенергетски систем, по што согласно сигурносните протоколи блокот бил исклучен, соопшти ЕСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија во неколку населби во Битола во истиот период кога без напон остана и Блок 1 на РЕК Битола се должи на истиот проблем, предизвикан од далеководот на МЕПСО и нема никаква поврзаност со работата на комбинатот, информираат од ЕСМ.

„Паралелно, без проблеми се одвива производството на електрична енергија од Блок 2 на РЕК Битола бидејќи постројката е поврзана со електропреносниот систем на АД МЕПСО преку друг, 400 киловолтен далновод. На Блок 3 во тек се ремонтни активности“, велат од ЕСМ.

Денешниот испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во преносната мрежа на МЕПСО е трет во период од 40-тина дена.

„Стручни лица од РЕК Битола работат на надминување на состојбата и повторно ставање во функција на Блок 1“, пишува во соопштението од ЕСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ