недела, 20 октомври 2024
Бразилецот сакаше да се врати на Камп Ноу

Деко објасни зошто Барселона не го ангажирала Нејмар

Објавено на

часот

Сподели

Нејмар оваа недела се пресели во Саудиска Арабија, а пред да се реализира трансферот во Ал Хилал, се шпекулираше за негово враќање во Барселона.

Дури и се говореше за можноста да потпише со Ал Хилал, но да го носи дресот на „каталонците“ на позајмица на една сезона.

Но од ова ништо не се реализираше а новиот спортски директор Деко објасни зошто Нејмар не се вратил на Камп Ноу.

„Сите знаат дека во моментов, за жал, поради лошата финансиска состојба, беше невозможно да реализираме еден таков трансфер. Требаше да се договориме со ПСЖ или со Арапите, и не можевме да го сториме тоа. Требаше да биде економски изводливо, но со нашата моментална ситуација, немаше простор за нешто такво“ – вели Деко, кој вчера беше промовиран како нов прв трансфер оперативец на Барса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ