сабота, 27 јули 2024

Декларацијата од Тирана: Остра осуда на Русија, поддршка за влегување на Украина во НАТО

Објавен е текстот на декларацијата од самитот „Украина – Југоисточна Европа“ во Тирана, во која Русија е критикувана на исклучително остар начин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходно претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека на негова иницијатива од декларацијата е исфрлен делот кој се однесува на санкциите против Русија и делот за наводното малигно руско влијание. Србија барала од соопштението да се исфрли и конструкцијата „нашите држави“ и „нашите земји“, бидејќи дел од потписничките не го признаваат Косово.

„Неиспровоцираната воена агресија на Украина останува најголемата закана за европската безбедност и меѓународниот мир. Овој чин на агресија е неприфатлив и претставува несомнено кршење на меѓународното право, вклучувајќи ја Повелбата на Обединетите нации, и е злосторство против украинскиот народ“, се наведува во првата од 12 точки на заедничкото соопштение кое го потпишаа сите присутни лидери.

„Ја повторивме нашата непоколеблива поддршка на украинската независност, суверенитетот и територијалниот интегритет во рамки на нејзините меѓународно признати граници од 1991 година и остануваме посветени на пружањето поддршка на Украина, која ѝ е потребна за да се справи со руската агресорска војна колку што е потребно за да се постигне сеопфатен, праведен и траен мир во согласност со Повелбата на ОН и врз основа на украинската формула за мир“, се додава.

Како што заклучуваат лидерите на самитот „Украина – Југоисточна Европа“, тие како „пријатели на Украина“ го потврдуваат „цврстото уверување дека само обединети ќе можат да го вратат мирот, стабилност и правичниот просперитет на европскиот континент“.

Потписници се претседателката на Молдавија Маја Санду, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, претседателот на Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Украина Володимир Зеленски, премиерот на АЛбанија Еди Рама, претседателката на Советот на министри на БиХ Борјана Крсто, премиерот на Бугарија Николај Денков, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, премиерот на Романија Јон Марсел Чолаку и претседателката на Косово Вјоса Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ