сабота, 1 март 2025

Декларација на младите од Западен Балкан за активна вклученост во процесите на носење одлуки

Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“ што се одржа во Скопје во организација на ХЕРА, заврши со усвојување  Декларација која се фокусира на систематско вклучување на младите во процесот на донесување одлуки на национално, локално и регионално ниво. Декларацијата поставува јасни барања за развој на аполитични, ресурно поддржани младински совети кои ќе ги претставуваат интересите на младите да го демократизираат процесот на донесување политики, да ги надминат географските бариери и да овозможат активна вклученост на младите граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

Во Декларацијата се бара создавање на младински совети со јасни и аполитични мандати на сите нивоа на власт, кои ќе се користат за претставување на гласот на младите и активно вклучување во процесите на донесување одлуки; фокус на Вокациското образование и обука (ВЕТ): признавање на важноста од инвестиции во вокациско образование и обука за младите, со цел да се обезбедат подобри можности за вработување и развој на кариерата; младински услуги за здравје: барање за обезбедување на отворен пристап до услуги за ментално, сексуално и репродуктивно здравје,  дизајнирани од самите млади, со цел да се создадат услуги кои ќе бидат достапни и прилагодени на потребите на младите; инклузивни културни иницијативи: развој на културни програми кои активно ќе ги вклучуваат младите, со посебен акцент на инклузијата на маргинализираните групи на млади; еколошко вклучување и акција за климатски промени: барање за итно и значајно вклучување на младите во еколошки иницијативи и акција за климатски промени, со цел да се осигура активна улога на младите во заштитата на животната средина; регионална соработка и ангажман на младите: повик до владите на земјите од Западен Балкан за создавање на буџети за младински иницијативи и програми и поттикнување на ефективна имплементација на политиките во сите овие сектори, како и за зголемување на соработката преку регионални форуми, размена на програми и работилници за изградба на капацитети.

Како финален заклучок е наведено: „Со оваа декларација јасно се потврдува потребата од активно вклучување на младите во креирањето на иднината на Западен Балкан и ги повикуваме владите да обезбедат соодветни ресурси за имплементација на овие барања. Само преку заеднички напори можеме да обезбедиме подобра иднина за сите млади во регионот“.

Конференцијата беше дел од регионалниот проект „Зајакнување на младите за демократска и одржлива иднина на Западен Балкан,“ поддржан од Фондот за Западен Балкан, а имплементиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Северна Македонија, Центарот за популациски политики и одржлив развој – IPPF Србија, Организација за унапредување на квалитетот на образованието (ОРКА) – Косово и Граѓанска отпорност – Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ