сабота, 27 јули 2024

Деканатската управа на ФИНКИ утре на протест, поддршка добија и од Студентска револуција

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со одлука на деканатската управа, утре во 12 часот излегува на мирен протест пред Владата. И неформалната организација Студентска револуција во поддржува утрешниот протсет.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание. Од факултетот преку социјалните мрежи соопштија дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет.

Целта на протестот, како што почочуваат од ФИНКИ, е „укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот“.

Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет во Македонија, а проблем за управата е тоа што факултетот нема доволно простор за да ги смести сите запишани студенти.

И неформалната организација Студентска револуција попладнево соопштија дека го поддржуваат протестот на ФИНКИ и ги повикаа сите студенти, професори, вработени на УКИМ заедно да излезат и да одат пред Влада со едно прашање: Како преку вештачката интелегенција да дојдеме до ‘таа’ зграда на ФИНКИ?

„Доста е од испити до 8 часот навечер, целодневни предавања и ред други проблеми со кои се соочуваат најбројните студенти на УКИМ, студентите на ФИНКИ.
Ајде сите заедно и обединети да се избориме за нашите права“, се вели во повикот на Студентска револуција.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ