сабота, 27 јули 2024
НБА

Дејвис го предводеше Лејкерс до победа кај шампионот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во најголемиот дел од мечот Голден стејт и Лејкерс играа изедначен натпревар, двете екипи се менуваа во водство. Гостите од Лос Анџелес имаа највисока предност од 112-98 создадена во текот на последната четвртин, но шампионот со серија од 14-0 успеа да изедначи. Но откако дојде до нерешен резултат закочи и не даде кош до крајот на мечот, Лејкерс победи со 117-112.

Ентони Дејвис имаше брилијантна партија, постигна 30 поени, имаше и дури 23 скока, дабл-дабл учинок имаше и Леброн Џејмс со 22 поени и 11 скокови. Во составот на Голден стејт најдобар беше Кари со 27 поени, Томпсон постигна 25, Луни имаше 23 скокови.

Њујорк не дозволи Мајами уште еднаш да ги совлада на нивен терен, со пресврт во последната четврина дојдоа до победа од 111-105 и израмнија на 1-1 во серијата.

Брансон со 30 поени беше најефикасен кај Њујорк, Рендл постигна 25 поени, имаше и 12 скокови. Во составот на Мајами, Мартин Калеб постигна 22 поени.

Резултати: Њујорк – Мајами 111-105 (1-1), Голден стејт – ЛА Лејкерс 112-117 (0-1)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ