петок, 26 јули 2024

Дејвид Камерон: Забраната за продажба на оружје на Израел само ќе му помогне на Хамас

Забраната за продажба на оружје на Израел во Велика Британија само ќе го зајакне Хамас, изјави британскиот министер за надворешни работи и поранешен премиер Дејвид Камерон за Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Камерон рече дека иако нема да поддржи голема израелска копнена офанзива на градот Рафа во Газа, Велика Британија нема да ги следи плановите на САД да ја запре продажбата на оружје на Израел.

Тој рече дека Велика Британија испорачува само 1 отсто од оружјето на Израел и предупреди дека Израел мора да стори повеќе за да ги заштити цивилите и да обезбеди хуманитарна помош.

Минатата недела, американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД „нема да достават оружје“ доколку Израел продолжи со планираната инвазија на Рафа, јужниот град во Газа каде што се засолнети околу 1,4 милиони луѓе.

ОН соопштија дека повеќе од 80.000 луѓе ја напуштиле Рафа во изминатата недела, а израелските тенкови наводно се утврдуваат надвор од населените области.

Израел соопшти дека ќе продолжи со планираните операции во Рафа и покрај предупредувањата од САД и другите сојузници дека копнената офанзива може да доведе до масовни цивилни жртви и хуманитарна криза. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ги елиминира баталјоните на Хамас за кои тврди дека се сместени во Рафа.

Камерон рече дека нема да поддржи целосна офанзива на Рафа додека не го види израелскиот „план за заштита на народот“.

Но, тој тврдеше дека САД, кои ги нарече „голем добавувач на оружје“, се во „сосема поинаква позиција“ од ОК.

Камерон рече дека последен пат кога бил повикан да ја прекине продажбата на оружје на Израел, кога тројца Британци беа убиени во воздушен напад врз хуманитарни работници во Газа, „неколку дена подоцна имаше брутален ирански напад врз Израел“.

„Доколку го смениме нашиот пристап кон извозот на оружје, тоа ќе го зајакне Хамас и ќе го направи помалку веројатен договорот за заложниците“, додаде тој.

Од друга страна, водечката опозициска Лабуристичка партија, која се очекува да ја преземе власта на крајот на годината, силно го критикува британскиот пристап кон војната во Газа и повикува на итен прекин на огнот. „Израелска офанзива на Рафа би била целосна катастрофа“, велат тие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ