петок, 26 јули 2024
Војна меѓу Израел и Газа

Дејвид Камерон: Извештајот за болницата Насер е мошне вознемирувачки, Израел да даде одговор

Британскиот министер за надворешни работи рече дека извештајот на Би-би-си за претепувањето и понижувањето на палестинскиот медицински персонал во Газа од израелските војници е „мошне вознемирувачки“, пренесе медиумот.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Секретарот за надворешни работи побара „одговори од Израелците“.

Тројца медицински работници изјавија за Би-би-си дека биле понижувани, тепани, полевани со ладна вода и принудени да клечат со часови. Тие рекоа дека биле во притвор со денови.

Израел рече дека „секаква злоупотреба на затворениците е строго забранета“.

Лордот Камерон во Домот на лордовите рече: „Ова се многу вознемирувачки слики и извештаи што излегоа од оваа болница и треба убаво да испитаме што точно се случило, а за тоа ни требаат одговори од Израелците“.

Главниот извршен директор на Амнести интернешнел Британија, Саша Дешмук во соопштение рече: „(Британските) министри се или жално наивни или едноставно неискрени ако веруваат дека израелските власти можат веродостојно да се истражат самите себеси“.

Тој додаде: „Потребна ни е голема промена во Обединетото Кралство во врска со оваа ужасна криза, а тоа треба да вклучува повикување на итен прекин на огнот, вршење усогласен притисок врз Израел за да дозволи многу поголеми испораки на помош, истовремено барајќи Израел да ја прекине својата 17-годишна блокада на Газа, што е чин на колективна казна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ