сабота, 27 јули 2024

Дејвид Камерон бил жртва на измама, мислел дека разговара со поранешниот претседател на Украина

Британскиот министер за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Камерон, бил жртва на лажен видеоповик, измамникот се претставил како Петро Порошенко, поранешниот претседател на Украина, пренесува Гардијан. Камерон и наводниот Порошенко размениле СМС пораки, по што следел краток видеоповик, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Порошенко беше претседател на Украина во периодот од 2014 до 2019 година, а на последните избори загуби од актуелниот претседател Володимир Зеленски. Британското министерство соопшти дека Камерон станал сомнителен по видеоповикот.

„Истражувавме и потврдивме дека повикот не е автентичен и дека пораките и видеоповикот се измама. Оваа информација ја објавуваме во случај видеото на министерот да биде манипулирано и последователно искористено и да ги информираме другите да бидат свесни за ризиците“, соопшти Министерството.

„Иако жали за својата грешка, министерот за надворешни работи смета дека е важно да се истакне ваквото однесување и да се зголемат напорите за спротивставување на употребата на дезинформации“, додаваат тие.

Камерон беше мета на измамници и во 2015 година Тој одговорил на мобилниот телефон за време на семејна прошетка, измамникот се претставил како Роберт Ханиган, директорот на агенцијата за разузнавање, безбедност и сајбер. Камерон сфатил дека повикот е измама и го прекинал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ