Во соопштението за ангажманот на Дејан Манасков, Пелистер потенцираше дека тоа презиме предизвикува емоции кај битолските навивачи алудирајќи на тоа дека неговиот татко, Пепи остави голем белег во зелениот дрес.
„Неговото презиме предизвикува емоција кај армијата наши навивачи. Манасков пак ќе постигнува голови во дресот на Пелистер! Задоволство ни е што по децении и децении уште еден Манасков е наш член.
Дејан Манасков е нов член на Пелистер и од денес им се става на располагање на новите соиграчи и членовите на стручниот штаб. Левото крило со богата интернационална кариера целосно се вклопува во мозаикот на тим сочинуван од најдобрите македонски ракометари и елитни странци“, стои во соопштението на битолскиот клуб.
Првиот тренинг во новиот клуб Манасков ќе го има веќе утре, а неговото деби е предвидено за февруари на почетокот од плеј-офот.