Вчера Хелсинки ја потврди разделбата со Илиев, а денеска Сараево објави дека потпишал со македонскиот голман.
„Голманската надеж на Арсенал, Дејан Илиев ја засили конкуренцијата на голманската позиција во првиот тим на ФК Сараево“, стои во соопштението на босанскиот клуб.
Договорот е со трајност до крајот на сезоната со можност да биде продолжен на уште две години.
„Кошево е мојот нов дом! Исклучителна чест и одговорност е да се биде дел од бордо семејството. Сараево нема да те изневерам и ќе го оставам срцето на терен“, рече Илиев.