понеделник, 28 октомври 2024

Дејан Давидовски ѝ се предаде на полицијата, седум години беше во бегство поради упадот во Собранието во 2017

43 годишниот Дејан Давидовски Дешо еден од осомничените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година денеска наутро ѝ се предал на македонската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

Давидовски денеска утрото ѝ се предал на полицијата на граничниот премин Деве Баир. Веста за ја потврдија и од МВР.

„При редовната пасошка контрола е констатирано дека евидентираното лице било на стоп листата со мерка ‘лиши од слобода’ за кривично дело по член 313 од Кривичниот законик (КЗ) и за кој од страна на Основниот кривичен суд Скопје на 18 декември 2017 година е одредена мерка притвор, по што лицето е лишено од слобода“, појаснуваат од МВР.

По упадот во Собранието на 27 април 2017 година, Дејан Давидовски избега во Шведска каде се криеше седум години, а се бараше со меѓународна потерница. Тој пред пет години беше уапсен од шведските власти, но потоа и ослободен од шведскиот Врховен суд кој го одби барањето на Македонија за негова екстрадиција со образложениет дека тој се гони од политички причини. Давидовски е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ