сабота, 27 јули 2024

Дегустирајте фонду, и тоа дома!

Објавено на

часот

Сподели

Фонду е прилично калорично јадење

Со специфична миризба што долго по дегустирањето останува на непцето, фонду е специјалитет што во Европа, особено во Франција и Швајцарија, ужива фантастичен имиџ. Го има во подобрите ресторани, се сервира најмалку за двајца, зашто дегустацијата на фонду, велат, бара друштво. Цената му е прилично соленка, додека сирењето, кое се грее и се топи пред вас, често и нема солен вкус. Но тоа мора да е врвно!

Се служи со црвено вино

 

Вештината на јадењето фонду е во тоа да не претерате. Специјалитетот е прилично калоричен (топено сирење и лепчиња закачени на стапче, кои се макаат во сирењето), па затоа обично се јаде во зимските денови, особено во планинските места, по активниот ден. Како врвен специјалитет ќе го сретнеме и во Сент Мориц, во швајцарските скијачки места, но и на француските Алпи. Се служи со црвено вино.
Но макробиотичарите велат нешто сосема различно од готвачите во елитните ресторани. Богато со протеини и калциум, односно со јин-продукти, најдобро е кога фондуто се јаде во лето. И иако се служи жежок, тој не загрева, туку напротив, разладува. Како и чајот.
Како и да е, фонду е добро избрано јадење. Бидејќи содржи фитоестроген, супстанца што во организмот дејствува како хормонот естроген, по дегустацијата ќе бидете далеку порасположени, понасмеани и посреќни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ