сабота, 19 октомври 2024
Откри како е да се работи под водство на „специјалниот“

Дефанзивец на Рома со контроверзен коментар за Мурињо: Мислам дека е биполарен тренер

Објавено на

часот

Сподели

Жозе Мурињо е познат по своите менаџерски вештини, психолошки игри и силниот карактер на теренот но и надвор од него. Неговиот стил често е критикуван, но стратегот носи трофеи секаде каде што работи (освен во Тотнем).

Во разговор со бразилските медиуми, дефанзивецот Рожер Ибањез откри како е да се работи под водствот на „специјалниот“ и излезе со контроверзен коментар.

„Фантастично е да искусите соработка со Жозе Мурињо. Мислам дека е биполарен тренер, еден ден си кажувате шеги и се смеете, а следниот ден не можете ништо да му кажете“ – вели Рожер Ибањез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ