Дрес од звучно име е желба на речиси секој фудбалер, па затоа фудалерите на Њукасл синоќа се „тепаа“ кој да размени дрес со Килијан Мбапе.
Но ова не важи и за дефанзивецот Ден Брн, кој синоќа се запиша во листата на стрелците.
31 годишниот Англичанец стана хит на социјалните мрежи откако откри каква колекција има дома.
„Дресовите не ми значат многу, ако сакам да видам против кого сум играл, ќе пуштам видеа на Јутјуб. Не сум побарал да разменам дрес со никого. Имама прилично „јака“ колекција, имам дресови од Питeр Крауч, Пер Мертесакер и Вејн Ротлиџ. Ги имам само овие три дреса и сум среќен“ – вели Ден Брн со насмевка на лицето.
Dan Burn on who got Mbappe’s shirt:
“It’s funny about shirts. You can just go on YouTube & prove you played against them.
I’ve got a canny collection — i’ve got Peter Crouch, Per Mertesacker & Wayne Routledge.
They’re the only 3 I’ve got. I’m happy with them framed on the wall.” pic.twitter.com/I4YgyQ0m3X— Keith Downie (@SkySports_Keith) October 5, 2023