четврток, 26 декември 2024

Дефанзивец на четвртолигаш застана на гол како голман, одбрани пенал и ја исфрли Жирона од Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Жирона доживеа изненадувачка елиминација од Купот на Шпанија откако на пенали загуби од четвртолигашот Логоњес, херој на домаќините беше 19-годишниот дефанзивец Пол Арнау.

Објавено на

часот

Сподели

Тинејџерот кој игра на позицијата лев бек, во првото коло го постигна единствениот гол против Еибар, а вчера направи ново, поинакво чудо.

Натпреварот во регуларниот тек заврши 0-0, се играа продолженија. Беа направени сите измени, а голманот на Логроњес, Кике Рохо се повреди.

Бидејќи веќе немаа можност за замена, младиот дефанзивец Пол Арнау зама ракавици, голмански дрес и застана на голот. Беше одличен. Во второто продолжение не прими гол, а потоа следуваше пенал серијата во која му одбрани пенал на Абел Руиз и го однесе својот тим во следното коло од купот.

Шпанските медиуми потсетија дека Арнау веројатно ги наследил гените од неговиот татко, Франсек Арнау кој почина пред три години, но во кариерата беше голман на Барселона и Малага.

Бојан Миовски не беше во составот на Жирона за овој натпревар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ