петок, 18 октомври 2024
Нанев од Совет за превентива против малолетничка деликвенција  

Децата порано само се исмејуваа, а денес се закануваат и вршат насилство

Објавено на

часот

Сподели

Проблемот за врсничкото насилство е долгогодишен, а особено актуелен, по вчерашното убиство на неколку лица во училиште во Србија и информациите во јавноста дека и самиот малолетен убиец, претходно бил жртва на врсничко насилство. 

„Врсничкото насилство е тема на која изминатиот период и се посветува внимание, од страна на правници, психолози, педагози, особено од страна на невладиниот сектор. Ова насилство настанува како резултат на искривување на вредностите во општеството. Децата сторители на ваков вид насилство обично сакаат да привлечат внимание. Најпрвин имаше само вербално и физичко врсничко насилство, со исмејување, но сега има и психичко насилство со закани, насилство преку социјални мрежи. Тоа врсничко насилство, ако не се препознае и спречи  трае се додека жртвата на булингот не се јави со соодветна реакција. Понекогаш, таа реакција може исто така да биде сериозна, како и самиот булинг. Затоа е неопходно да се делува превентивно во семејствата, училиштата, да се препознава евентуалното врсничко насилство и навреме да се реагира“, појаснува Нанев. 

Тој додава дека жртвите на врсничко насилство најчесто чувствуваат загрозеност и срам и се повлекуваат. Многу често не биле навреме препознати, се додека проблемот не ја надмине црвената линија. 

Нанев нагласува дека на решавање на  проблемите со врсничкото насилство, мора да има еден стратешки пристап.  Мора да работи стручната фела, преку едукативни програми. Брзо и ефикасно да се препознае врсничкото насилство од кадарот во училиштата и соодветно да се делува. Родителите пак, да обрнат поголемо внимание околу тоа, како се однесуваат нивните деца. 

                                                                                                                                                                      МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ