сабота, 27 јули 2024

Деца палеле оган на балкон во Клиничката болница во Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово ги идентификуваше лицата кои вечерта на 23-ти овој месец околу 19 часот запалиле оган на балконската просторија пред Кабинетот за физикална терапија во тетовската Клиничка болница и на тој начин предизвикале општа опасност.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за 8 малолетници од Тетово, на возраст од 13 до 16 години, соопшти МВР.

По извршениот увид, а во присуство на нивните родители, извршени се службени разговори со сите нив и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ