сабота, 21 декември 2024

Дебранец насилно се однесувал во полиција откако бил уапсен за тешка кражба

Одделението за внатрешни работи-Дебар поднесе кривична пријава против Ќ.М. од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела тешка кражба и оштетување туѓи предмети.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На 12 овој месец, искористил поволна прилика и од продажен објект лоциран на улицата Амди Леши во Дебар, бесправно одзел паричник со документи и пари во разни валути во вкупна вредност од 258.300 денари“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Лицето набрзо било приведено од полициските службеници, а во полициската станица насилно се однесувал, оштетувајќи го стаклото од влезната врата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ