сабота, 21 декември 2024

Дебитантот Левелинг никогаш нема да ја заборави оваа вечер, донесе победа на Германија против Холандија (ВИДЕО)

Германија со 1-0 ја совлада Холандија и чекори сигурно кон првото место во својата група, виновник за славјето е Џејми Левелинг, кој овие денови имаше лудо патешествие и постигна гол на своето деби за „панцерите“.

Објавено на

часот

Сподели

Херој на вечерта во Лигата на шампиони е Џејми Левелинг, 23 годишниот фудбалер на Штутгарт донесе победа од 1-0 на Германија во пресметката со Холандија по која „панцерите“ практично го обезбедија првото место во групата.

Тој дополнително доби повек од Нагелсман откако се повреди Мусиала, за под исти околности да се најде во стартниот состав, поради повреда во последен миг отпадна Ундав.

На Џејми Левелинг му требаа само 100 секунди да ја затресе мрежата на Холандија, но ВАР му го скрши срцето и под контроверзни околности му го поништи голот.

Но сепак, напаѓачот никогаш нема да ја заборави оваа вечер откако во 64. минута начека една топка и неодбранливо биеше под пречката за 1-0 и огромна радост на Германија.

На вториот натпревар од групата, Унгарија со 0-2 славеше на гостувањето кај Босна и Херцеговина и се вклучи во трката за второто место.

Италија остана на врвот во својата група откако со 4-1 го совлада Израел, а Франција ги следи „аѕурите“ и вечерва триумфираше со 1-2 на гостувањето кај Белгија.

Во рамките на Лига Б, гостински триумф запиша Турција во ефикасен меч на Исланд (2-4), Украина и Чешка одиграа реми (1-1), а Велс минимално слави против Црна Гора (1-0). Швеѓаните во Лига Ц славеа со 0-3 на гости кај Естонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ