среда, 2 октомври 2024

Дебитантот Брест го прегази РБ Салцбург и се искачи на првото место во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Дебитантот Брест е најпријатното изненадување на стартот од новата сезона во Лигата на шампиони, клубот од Франција денеска славеше со убедливи 0-4 на гостувањето кај РБ Салцбург и со шест бода е на врвот на табелата.

Објавено на

часот

Сподели

Брест никогаш претходно нема играно во Лигата на шампиони, и во својата дебитанска сезона, нареди две победи на стартот.

По триумфот над Штурм во првото коло, денеска Брест славеше и на гостувањето кај РБ Салцбург со убедливи 0-4.

Сима го отвори резултатот во 24. минута и најави ново славје, за во продолжението од мечот, во период од 10 минути, домаќините да капитулираат уште три пати.

Камара донесе 0-2 во 66. минута, Сима зголеми на 0-3 во 71. минута, а Переира Лаж ги постави конечните 0-4 во 75. минута.

Со новата победа, Брест привремено се најде на првото место на табелата со 6 бода, а колку долго ќе остане таму ќе зависи од останатите резултати.

На вториот денешен натпревар од 18:45 часот, Штугарт одигра 1-1 против Спарта Прага. Мијо ги донесе домаќините во предност веќе во 7. минута, но гостите се изборија за бод во 32. минута преку Каиринен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ