сабота, 27 јули 2024

Деби победа како тренер во Серија А на Канаваро, големи три бода за Удинезе (ВИДЕО)

Удинезе со 2-0 победи на гостувањето кај Лече и излезе од зоната за испаѓање, ова беше прв триумф како тренер во Серија А на легендарниот Фабио Канаваро.

Објавено на

часот

Сподели

Пред денешниот дуел тимот на Удинезе се наоѓаше во зоната за испаѓање, но благодарение на денешните три бода скокна на 15. позиција.

Резултатот го отвори Лука во 36. минута, а конечните 2-0 за Удинезе ги постави Самарџиќ на пет минути пред крајот на натпреварот.

До крајот на сезоната во Серија А има уште две кола, тимот на Фабио Канаваро до крај ќе води голема битка за опстанок, но денешните три бода беа исклучително значајни за остварување на мисијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ