сабота, 27 јули 2024

Деби гол на Здравковски за Мадервел во најдобрата шкотска лига (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер, Давор Здравковски го постигна својот деби гол за Мадервел во гостинската победа на својот од 5-1 кај Рос Каунти.

Објавено на

часот

Сподели

Здравсковски кој веќе има сериозна минутажа во средниот ред на Мадервел, го постигна својот прв гол во најдобрата шкотска лига.

Во самиот финиш од натпреварот Здравсковски погоди по асистенција на Канаѓанецот Тео Бер.

За Македонецот ова беше 25. настап за Мадервел во шкотската лига оваа сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ