Оваа традиција веќе е потврдена и во 2025, кога денеска напладне новогодишните маратонци, симболично го донесоа “факелот на Новата година“ на „боемските улици“ во Дебар маало, а потоа програмата продолжи со вообичаена забава и соодветен музички репертоар.
Првојануарскиот собир на дебармаалци е своевидна поврзувачка нишка на духот на старото Скопје, со доаѓањето на новото време што го симболизира почетокот на годината. Традициите, како оваа новогодишна дебармаалска, на некој начин се „потпорниот ѕид“ на градскиот дух, пред динамиката на новото време.