среда, 23 октомври 2024

Дебар и Струга со рестрикции на вода, земјоделците молат за капка, за да ги наводнат нивите

Објавено на

часот

Сподели

Според Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие Стандард кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар, тоа поради нерационално користење на водата.

„И покрај нашите апели за рационално користење на водата за пиење, корисниците продолжија со старата навика. Поради тоа се јави проблем во водоснабдувањето во повисоките делови на градот, па сме принудени да ја воведеме непопуларните мерка – рестрикција“, рече Каба за МИА.

По три часа дневно вода нема да имаат корисниците од  населбите “Венец1”, “Венец2”, “Ќернаница”, како и главната улица во градот “8-ми септември”.

Во тој период, според Каба ќе се овозможи вода да добијат другите населби во повисокиот дел на градот а кои деновиве, поради намалениот притисок, немале вода со часови.

Претходно и надлежните од Струга информираа дека на неодреден период се воведува рестрикција на водата во периодот од 1 часот по полниќ до шест часот утрото. А земјоделците од светиниколско и карбинско протестираапоради недостиг на вода за наводнување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ