сабота, 27 јули 2024
Де Роси дебитираше со победа на клупата на Рома

Де Роси дебитираше со победа на клупата на Рома

Рома со 2-1 ја победи Верона во деби натпреварот на Даниеле Де Роси како тренер на римската волчица.

Објавено на

часот

Сподели

Рома одигра меч со две различни полувремиња, одлично прво и лошо второ во кое сепак успеа некако да ја задржи предноста.

Волчицата поведе со гол на Лукаку во 19. минута, а шест минути подоцна Пелегрини зголеми на 2-0.

Во 64. минута Ѓуриќ промаши пенал, а во 76. минута Фолоруншо даде гол за намалување на 2-1. Тоа беше и конечниот резултат.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ