Рома одигра меч со две различни полувремиња, одлично прво и лошо второ во кое сепак успеа некако да ја задржи предноста.
Волчицата поведе со гол на Лукаку во 19. минута, а шест минути подоцна Пелегрини зголеми на 2-0.
Во 64. минута Ѓуриќ промаши пенал, а во 76. минута Фолоруншо даде гол за намалување на 2-1. Тоа беше и конечниот резултат.