сабота, 27 јули 2024

Де Брујне се врати, Манчестер Сити убедливо победи (ВИДЕО)

Манчестер Сити со убедливи 5-0 го победи Хадерсфилд и се пласираше во следното коло од ФА Купот, по повеќе од три месеци Кевин де Брујне се врати на теренот.

Објавено на

часот

Сподели

Де Брујне се врати во игра по паузата поради повреда, во игра влезе во 57. минута на местото од Грилиш и беше асистент при голот на Доку со кој беше поставен конечниот резултат од 5-0.

Манчестер Сити поведе со погодок на Фоден во 33. минута, а четири минути подоцна Алварез даде гол за 2-0.

Во вториот дел Џексон си даде автогол за 3-0, а Фоден со својот втор гол на мечот зголеми на 4-0.

Вест Хем одигра само 1-1 против Бристол Сити, па ќе треба да игра уште еден меч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ