сабота, 27 јули 2024

Де Брујне се врати и донесе голема победа за Сити против Њукасл (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 3-2 победи на гостувањето кај Њукасл благодарение на блескави минути на Кевин Де Брујне кој се врати од повредата.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа средба донесе двојна радост кај Пеп Гвардиола, со оглед што освен освоените три бода во драматичниот финиш тој повторно го доби Кевин Де Брујне, кој беше режисер на пресвртот. Белгискиот интернационалец по пет месечната пауза влезе во игра во 69. минута при негатива на „граѓаните“ (1-2), за само пет минути подоцна да го постигне изедначувачкиот погодок. Тоа не беше се од него, бидејќи беше и асистент на третиот погодок за Сити во 91. минута, кога одлично го пронајде Оскар Боб за кого ова беше прв погодок во Премиер лигата.

Бернандо Силва во 26. минута го отвори резултатот за водство за гостинскиот тим, но Исак во 35. минути и Гордон две минути подоцна го направија првиот пресврт на оваа средба за водство на Њукасл. Тоа, сепак, не беше доволно за триумф на домаќинот, најмногу поради факторот Де Брујне. Сити со оваа победа му се доближи на два бода на лидерот Ливерпул (45-43).

Претходно Челси со гол на Палмер од пенал го победи Фулам со 1-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ