сабота, 27 јули 2024

Давкова до Ахмети: Не знам што им е тоа мајоризација на Европскиот фронт

Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам. Oпасно е да бидете секогаш на власт, власта оптоварува, возврати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на ДУИ и Али Ахмети по нивните обвинувања и најавената битка за „легитимитет“.

Објавено на

часот

Сподели

„Еден победник има на изборите. Секогаш нашите влади биле мултиетнички, така што не можам да забележам мајоризација“, додаде Сиљановска-Давкова, која одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема, нагласи и дека изборот на влада се прави според идеолошката определба, како и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.

Од ДУИ веднаш одговорија и најавија редефинирање на правниот поредок на државата. Според нив тенденциите на новата влада се минирање на сè што е постигнато од 2001-та досега.

ДУИ бара, како што велат, почитување на гласот на албанскиот народ и другите етнички заедници бидејќи тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата. Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и да се соочи со одговорност.

Арбер Адеми од ДУИ денеска изјави дека најважно е да се ужива поддршката од граѓаните и да се има легитимитет, даден од нив, а не како, што рече „како губитник и како некој што моли да стои зад врататата да молиш, да плачеш да си дел од власта“, алудирајќи на коалицијата Вреди, која е во преговори со ВМРО-ДПМНЕ за составување нова влада.

Адеми вели дека сериозно се разгледуваат политичките случувања, а она за што алармираат ДУИ и коалицијата Европски фронт, како што рече, е доследно почитување на Охридскиот рамковен договор и почитување на консензуалната демократија. Тој вели дека во Собранието ќе ги користат сите механизми што им се на располагање како опозиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ